• недела, 15 декември 2024

Претседателот на Индонезија ќе помилува околу 44.000 затвореници

Претседателот на Индонезија ќе помилува околу 44.000 затвореници

Џакарта, 13 декември 2024 (МИА) – Претседателот на Индонезија, Прабово Субијанто одлучи да помилува десетици илјади затвореници, вклучително и активисти осудени за клевета, како и оние кои беа затворени во источната провинцијата Папуа, поради критикување на Владата, изјави министерот за правда Супратман Анди Агтас.

Тој додаде дека околу 44.000 затвореници ширум земјата би можеле да бидат помилувани за да се олесни проблемот со пренатрупаноста во затворите. Бројката претставува околу 30 отсто од сите затвореници во земјата.

Со помилувањето ќе бидат опфатени и лицата осудени за клевета и говор на омраза, како и обвинетите за клеветење на претседателот.

Околу 18 активисти, кои беа затворени поради критикување на Владата или организирање протести во Папуа ќе бидат ослободени, наведе Анди Агтас.

Тој додаде дека дополнително ќе бидат ослободени осудените за наркотици, но не и дилерите, како и затворениците кои боледуваат од хронични болести како ХИВ. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан