• вторник, 25 март 2025

Превртено возило на кружен тек во Кавадарци

Превртено возило на кружен тек во Кавадарци

Кавадарци, 24 март 2025 (МИА) - Возило се преврте на кружен тек близу социјалната зграда во Кавадарци. Од Секторот за внатрешни работи Велес за МИА индформираа дека полициска увидна екипа е на местото на настанот и се работи за утврдување на околностите поради кои дошло до сообраќајната незгода. Во сообраќајката нема повредени. 

Во друга сообраќајка во Кавадарци синоќа околу 23 часот, биле повредени четири лица. Оваа информација утрово ја потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош во Кавадарци. 

- Како итна медицинска помош бевме на лице место веднаш штом го добивме повикот за сообраќајна несреќа, директен судир на две возила на раскрсницата кај Брушански мост во градот. Четирите повредени лица ги пренесовме во Општата болница во Кавадарци, појасни докторот.  свд/са/

Фото : Фејсбук на Реално Кавадарци

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан