ЈОРСМ: Претреси и други дејствија во рамки на истрагата за пожарот во Кочани
- Истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи вчера и денеска координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи вчера и денеска координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.
Како што информира државното Јавно обвинителство, извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење.
-Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица, соопшти ЈОРСМ. хс/ац/
Фото: МИА архива