• среда, 26 март 2025

Лишени од слобода седум лица кои држеле шест мигранти во заложништво во Студеничани

Лишени од слобода седум лица кои држеле шест мигранти во заложништво во Студеничани

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Шест мигранти полицијата открила вчеравечер во скопското село Студеничани кои биле држени во заложништво во објект во сопственост на 50-годишник со иницијали М.Ш. од Студеничани.

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека по преземени мерки и активности и по претходно добиени сознанија, полициските службеници вчера во 19.30 часот ги откриле и ослободиле мигрантите кои, како што наведува, „со употреба на сила и закани биле држани во објектот“.

-Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член 418б од Кривичниот законик, од слобода бил лишен сопственикот и Ќ.Ш.(25), У.Ш.(26) и А.Ш.(59), тројцата од с.Студеничани, како и Б.Б.(28), А.Б.(55) и А.Б.(32), сите од Скопје. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан