• сабота, 23 ноември 2024

По изборот на Трамп, Техеран се надева дека САД ќе ги преиспитаат „погрешните пристапи од минатото“

По изборот на Трамп, Техеран се надева дека САД ќе ги преиспитаат „погрешните пристапи од минатото“

Техеран, 7 ноември 2024 (МИА) - Иран, кој со децении има затегнати односи со САД, денеска изрази надеж дека изборот на Доналд Трамп ќе му овозможи на Вашингтон „да ги преиспита погрешните пристапи од минатото“.

„Имаме многу горчливи искуства со политиките и пристапите на различни американски влади“, изјави портпаролот на иранската дипломатија Есмаил Багај.

Како што пренесе официјалната агенција ИРНА, тој апелираше до Вашингтон „да ги преиспита погрешните пристапи од минатото“.

Владиниот весник „Иран“ наведува дека „иранската економија е погодена од притисоци, но дека сега ситуацијата е поинаква и дека Трамп повеќе нема да може да го изолира Иран и да и наштети на економијата на земјата“.

Доналд Трамп, за време на неговиот прв мандат, одржуваше многу тензични односи со Техеран.

Во мај 2018 година, тој еднострано ги повлече САД од договорот за иранската нуклеарна програма и повторно воведе строги санкции кон Техеран, и покрај постигнатиот договор со големите сили. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан