• четврток, 25 јули 2024

Полуфинални мечеви на Вимблдон во женска конкуренција

Полуфинални мечеви на Вимблдон во женска конкуренција

Лондон, 13 јули 2023 (МИА) – На Грен слемот во Лондон денес на распоредот се двата полуфинални натпревара во женска конкуренција.

 

Во првото полуфинале закажано во 14:30 часот на централниот терен на Вимблдон ќе истрчаат Елина Свитолина од Украина и Маркета Вондрушова од Чешка.

 

По овој меч ќе се игра второто полуфинале, во него се пласираа Онс Жабер од Тунис и Арина Сабаленка од Белорусија.

 

Машките полуфиналиња ќе се играат утре. Двојките се:

Карлос Алкараз (Шпанија) – Данил Медведев (Русија)
Јаник Синер (Италија) – Новак Ѓоковиќ (Србија) . зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан