• сабота, 23 ноември 2024

Албанската фудбалска федерација го продолжи договорот со Силвињо

Албанската фудбалска федерација го продолжи договорот со Силвињо

Тирана, 25 јули 2024 (МИА) - Албанската фудбалска федерација (ФСХФ) објави за продолжувањето на договорот со селекторот на репрезентацијата Силвињо. 

Педесетгодишниот Бразилец потпиша договор до декември 2025 година. Тој работи со репрезентацијата од јануари 2023 година.

-По успехот постигнат во квалификациите за Европското првенство 2024, главна цел сега ќе бидат историските квалификации за Светското првенство, се вели во соопштението на организацијата.

Нови договори се потпишани и со помошниците на селекторот, Дорива и Пабло Забалета.

На ЕП 2024, Албанија заврши на последното место во групата со Шпанија, Италија и Хрватска, освојувајќи еден бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан