• понеделник, 23 декември 2024

Судиите поништија гол на Аргентина по два часа, победата му припадна на Мароко

Судиите поништија гол на Аргентина по два часа, победата му припадна на Мароко

Париз, 24 јули 2024 (МИА) - Скандал на првиот натпревар на олимпискиот фудбалски турнир меѓу Аргентина и Мароко. 

Иако, првично, натпреварот заврши 2:2, со гол на аргентинецот Медина во 90+16. минута, по постигнувањето на голот, судиите не означија крај на натпреварот бидејќи на теренот истрчаа гневните марокански навивачи, а следеше бркотница со обезбедување.

Аргентинците побегнаа во соблекувалната, судијата Глен Ниберг од Шведска по протокол го прекина мечот, а Мароко поднесе жалба против голот на ривалот, бидејќи беше постигнат по офсајд позиција. По 90 минути циркус, судиите со помош на ВАР собата утврдија дека Мароканците се во право.

Екипите повторно излегоа на теренот, Аргентинците не успеаја да постигнат гол во тие три минути, па Мароко победи со 2:1. 

Резултати:

Група А

Гвинеја - Нов Зеланд 1:2 (0:1)
/Дијавара 72 - Гарбет 25, Вејн 76/

Франција - САД 21.00 ч.

Група Б

Аргентина - Мароко 1:2 (0:1)
/Симеоне 68 - Рахими 45+2, 51 пенал

Ирак - Украина 19.00 часот

Група Ц

Узбекистан - Шпанија 1:2 (1:1)
/Шомуродов 45+3 пенал - Пубили 29, С. Гомез 62

Египет - Доминиканска Република 0:0

Група Д

Јапонија - Парагвај 19.00 ч.
Мали - Израел 21.00 ч. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан