• понеделник, 16 декември 2024

Стив Кер: Не можеме да го замениме Дурент

Стив Кер: Не можеме да го замениме Дурент

Париз, 24 јули 2024 (МИА) - Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Стив Кер, го очекува враќањето на Кевин Дурент, кој не можеше да учествува во текот на целиот тек на подготовките на тимот за Олимписките игри.

Суперѕвездата на Феникс Санс лекуваше повреда на потколеницата и учествуваше на последните тренинзи на неговиот тим, но не играше во дуелите.

-Не можеме да го замениме Кевин. Кога се наметна да биде надвор од терените долго време, тој се врати со полна брзина и покажа кој е. Дурент е еден од најдобрите играчи во историјата, па се надеваме дека ќе се врати што е можно поскоро. Мислам дека веднаш ќе се вклопи со другите, рече Кер.

Американците ја започнуваат својата потрага по 17-та олимписка титула со натпреварот против Србија во недела во 18:15 часот во Париз.

Дури и без Дурент во своите редови, САД забележаа пет победи на своето загревање откако ги совладаа Канада, Србија, Австралија, Јужен Судан и Германија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан