• недела, 15 декември 2024

Полска подигна ловци Ф-16 по руски ракетен напад

Полска подигна ловци Ф-16 по руски ракетен напад

Варшава, 13 декември 2024 (МИА) - Во Полска утрово се подигнати ловци Ф-16 за да го заштитат воздушниот простор на земјата поради рускиот ракетен напад на територијата на Украина, соопшти полската армија.

Поради рускиот напад врз објекти лоцирани, меѓу другото, на запад од Украина, во согласност со важечките процедури, подигнати се дежурни парови ловци, а копнените воздушни одбранбени и радарски извидувачки системи достигнаа највисоко ниво на подготвеност, соопшти на платформата Икс, Оперативната команда на Полската армија.

„Русија утрово изврши голем напад врз украинските енергетски капацитети“, изјави украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко.

Компанијата „Укриненерго“ на Фејсбук објави дека поради силниот руски ракетен напад врз енергетските капацитети, се зголеми обемот на мерките за ограничување на потрошувачката на електрична енергија. Воздухопловната тревога беше прогласена низ целата земја, а украинските воздухопловни сили објавија предупредување дека Русија лансирала проектили за време на нападот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан