• среда, 21 август 2024

Повеќе од 121.000 евакуирани од девет погранични области на регионот Курск

Повеќе од 121.000 евакуирани од девет погранични области на регионот Курск

Курск, 19 август 2024 (МИА) – Повеќе од 121.000 цивили се евакуирани од девет погранични области на регионот Курск до сега, а повеќе од 650 ги напуштиле зоните со висок ризик во изминатите 24 часа, соопшти заменик-портпаролот на руското Министерство за вонредни состојби, Артем Шаров, на брифинг со новинари.

- Од почетокот на мерките за евакуација, повеќе од 121.000 се преселени од девет погранични области. Во текот на изминатите 24 часа, повеќе од 650 луѓе заминаа сами и во организирани конвои, рече тој.

Шаров информира дека жителите на пограничните области се уште се преместуваат на безбедни локации.

Руските сили се борат против украинските војници во областа Курск од 6 август, кога илјадници украински војници упаднаа преку западната граница на Русија. јт/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан