• недела, 21 јули 2024

Пелистер му пружи силен отпор на Хелиос

Пелистер му пружи силен отпор на Хелиос
Широки Брег, 24 март 2022 (МИА) – Кошаркарите на Пелистер го запишаа деветтиот пораз во регионалната кошаркарска АБА 2 лига. Битолчани синоќа во Широки Брег загубија од фаворизираниот  Хелиос Санс со 85:81. Македонскиот претставник одигра добар натпревар, по шест минути водеше со осум разлика (17:9), на четири минути пред крајот водеше со 74:72, но не издржа во самиот финиш. По 12 одиграни натпревари Пелистер има три победи и девет порази и на едно коло пред крајот на основниот дел на лигата се наоѓа на 11.место без шанси за плејоф. Хелиос има биланс 9-3 (победи-порази) и е сигурен учесник на Ф8 турнирот кој ќе се одржи во Скопје. зс/

Остани поврзан