Барселона заинтересирана за Канте
- Играчот од средниот ред на Ал-Итихад, Н’Голо Канте би можел да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесе шпански „Спорт“.

Ријад, 21 јули 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Ал-Итихад, Н’Голо Канте би можел да ја продолжи кариерата во Шпанија, пренесе шпански „Спорт“.
Барселона ќе се обиде да го врати триесет и три годишниот Французин во Европа. Каталонците беа импресионирани од настапот на играчот на Евро 2024 и сакаат да го остварат трансферот ова лето.
За Канте е заинтересиран и Вест Хем, но Ал-Итихад ја одбил понудата.
Францускиот репрезентативец се пресели во Ал-Итихад во 2023 година. Вкупно, фудбалерот одигра 44 натпревари за клубот од Саудиска Арабија, на кои постигна 4 гола и даде 6 асистенции.
Во Премиер лигата Канте играше за Челси и Лестер, а и со двата тима стана шампион на Англија. дс
Фото: УЕФА ЕУРО