• сабота, 28 декември 2024

Парламентарна делегација од Чешка во посета на Собранието

Парламентарна делегација од Чешка во посета на Собранието

Скопје, 26 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија, Муса Џафери, и нејзините членови, денеска имале средба со делегација на Комисијата за надворешни работи од Домот на пратеници од Парламентот на Чешката Република, предводена од пратеникот Радек Вондрачек, заменик-претседател на Комисијата, која е во посета на Собранието.

-Членовите на чешката делегација, во која се и пратениците Петер Беитл и Марек Бенда, ја реафирмираа поддршката за евроинтерацијата на нашата земја и за надминувавање на актуелните предизвици на тој пат. Џафери и Вондарчек разменија мислења за долгиот интеграциски процес на нашата земја, за пречките на тој пат, како и за поддршката од пријателските земји кои веќе се членки на Европската Унија, меѓу кои е и Чешката Република, соопшти собраниската прес-служба. 

На средбата било заклучено дека „нашата земја и сите земји од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од европското семејство“.

-Во тој контекст, Џафери посочи и на последиците од долгото чекање за отворање на поглавјата од преговорите, што резултира со разочараност кај граѓаните и засилување на миграциите. На средбата беа разменети мислења и за улогата на двете земји како членки на НАТО, како и за поддршката што ја добиваше нашата земја од Чешка во годините пред влезот во Алијансата. Во таа насока, беше заклучено дека една од клучните вредности е солидарноста меѓу европските земји во однос на интеграциските процеси на земјите од Западен Балкан, се наведува во соопштението. хс/дма/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија 

Остани поврзан