Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
- По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници денеска организира бесплатен разглед на Скопје и Битола.

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници денеска организира бесплатен разглед на Скопје и Битола.
Во Скопје збирно место за заинтересираните граѓани е пред Меморијалната куќа на Мајка Тереза на улица „Македонија“ со почеток во 12 и 13 часот, додека во Битола почнува во 11 часот пред Музејот и 12 часот кај Саат кулата.
– Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје и Битола може да присуствуваат, велат од Македонската асоцијација на туристички водичи. дма/нд/
Фото: МИА архива