• петок, 21 февруари 2025

Откриен тунел меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута преку кој се шверцувала дрога

Откриен тунел меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута преку кој се шверцувала дрога

Рабат, 20 февруари 2025 (МИА) - Тунел долг неколку десетици метри денеска е откриен меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута во рамки на операцијата насочена кон трговците со луѓе за кои постои сомневање дека внесувале хашиш во Шпанија, соопшти Цивилната гарда.

Овој подземен премин, изграден длабок 12 метри, е откриен при претрес на магацин во индустриската зона Сеута, кој се наоѓа покрај ѕидот кој оваа мала територија на северниот брег на Африка ја одвојува од Мароко.

„Тоа е тесна конструкција, зајакната со дрво (...) која можела да се користи за транспорт на дрога меѓу Мароко и Шпанија“, се вели во соопштението на Цивилната гарда, шпанскиот еквивалент на жандармеријата.

Според шпанските медиуми, тунелот е долг најмалку 50 метри, колку што е растојанието меѓу магацинот и мароканската граница. Но, може да биде и подолг, бидејќи властите сè уште не ја идентификувале точката каде завршува подземниот премин. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан