Кардинал Џанфранко Раваси: Папата Франциск би можел да се повлече од должноста
- Раваси истакна дека папата би можел да донесе таква одлука доколку неговата здравствена состојба спречи негов натамошен директен контакт со верниците, што нему му е исклучително важно.

Рим, 21 февруари 2025 (МИА) – Италијанскиот кардинал Џанфранко Раваси во радио емисија изјави дека не ја исклучува можноста папата Франциск да си замине од должноста, слично како и неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти, јавија американските медиуми.
Пред 12 години, Бенедикт Шеснаесетти стана првиот папа кој поднесе оставка по папата Григориј XII во 1415 година, што предизвика големо изненадување кај Католичката црква.
Раваси истакна дека папата би можел да донесе таква одлука доколку неговата здравствена состојба спречи негов натамошен директен контакт со верниците, што нему му е исклучително важно.
За можната оставка на Папата јавно проговорија и кардиналите Жан Марк Авелин, надбискупот од Марсеј, во Франција, и Хуан Хозе Омеља од Барселона.
Папата Франциск веќе една недела се наоѓа во болница поради проблеми со белите дробови.
Кардиналот Авелин рече дека се е можно, додека кардиналот Омеља нагласи дека животот на црквата продолжува дури и доколку папата Франциск биде во болница, пренесуваат американските медиуми.
-Папите се менуваат, ние епископите се менуваме, парохиските свештеници се менуваат, заедниците се менуваат. Но, возот мора да продолжи, коментираше баскискиот кардинал. сд/
фото:МИА архива