• сабота, 28 септември 2024

Нови израелски напади врз областа околу Бејрут

Нови израелски напади врз областа околу Бејрут

Бејрут, 28 септември 2024 (МИА) - Израел рано утрово изврши нови напади врз областите околу Бејрут. Во краткото соопштение израелската армија наведе дека локациите што ги погоди му припаѓаат на Хезболах.

Експлозиите ги потресоа јужните предградија на Бејрут, а утрово многу згради беа во пламен.

Тамошните власти не соопштија дали има жртви. паг/

Фото: ЕПА


  
 

 

Остани поврзан