• понеделник, 23 декември 2024

Бродолом во близина на шпанскиот остров Ел Хиеро, девет мигранти го загубија животот, 48 се исчезнати

Бродолом во близина на шпанскиот остров Ел Хиеро, девет мигранти го загубија животот, 48 се исчезнати

Мадрид, 28 септември 2024 (МИА) - Најмалку девет мигранти го загубија животот денеска, а 48 се водат како исчезнати откако брод се преврте во близина на шпанскиот остров Ел Хиеро, соопштија спасувачите, наведувајќи дека инцидентот може да биде најсмртоносниот во последните 30 години околу Канарските Острови.

Службите за вонредни состојби успеале да спасат 27 од 84-те мигранти кои се обидувале да стигнат до шпанскиот брег, се наведува во соопштението на спасувачката служба, додавајќи дека мигрантите кои го загубија животот се од Мали, Маурициус и Сенегал.

Се наведува дека спасувачите добиле повик од бродот веднаш по полноќ по локално време и го лоцирале на околу четири милји источно од островот Ел Хиеро, но тој потонал за време на спасувачката операција. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан