Јеменските Хути изразија жалење поради смртта на лидерот на Хезболах
- Јеменското движење Хути денеска изрази жалење за смртта на водачот на либанската група Хезболах, Саид Хасан Насралах и рече дека ќе продолжи да ја поддржува групата.

Сана, 28 септември 2024 (МИА) - Јеменското движење Хути денеска изрази жалење за смртта на водачот на либанската група Хезболах, Саид Хасан Насралах и рече дека ќе продолжи да ја поддржува групата.
„Отпорот нема да биде скршен, а џихадистичкиот дух на браќата муџахедини во Либан и на сите фронтови на поддршка ќе биде посилен и поголем“, соопшти движењето.
Хезболах, сојузник на Хутите во сојузот, кој, со поддршка на Иран, се спротивставува на Израел, претходно потврди дека лидерот на групата и еден од нејзините основачи, Саид Хасан Насралах, е убиен во израелски воздушен напад. рп/
Фото: МИА архива