Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
- Новиот државен секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, денеска изјави дека завршувањето на руската војна во Украина ќе биде официјална политика на САД за време на претседателот Доналд Трамп, како дел од целта на таа администрација да промовира мир.
Вашингтон, 21 јануари 2025 (МИА) - Новиот државен секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, денеска изјави дека завршувањето на руската војна во Украина ќе биде официјална политика на САД за време на претседателот Доналд Трамп, како дел од целта на таа администрација да промовира мир.
-Официјалната политика на САД ќе биде дека војната мора да заврши и дека ќе направиме се што е можно за да го постигнеме тоа, изјави Рубио за телевизијата Ен-Би-Си пред церемонијата на полагање заклетва во Белата куќа.
Рубио рече дека ќе биде „комплицирано...бидејќи секоја страна ќе мора да се откаже од нешто“.
Рубио, поранешен американски сенатор, беше првиот од кандидатите за кабинетот на Трамп кој денеска положи заклетва, откако американскиот Сенат едногласно ја потврди неговата номинација во вчеравечер.
Говорејќи во Белата куќа, откако положи заклетва, Рубио вети дека ќе ја спроведе надворешната политика на Трамп „за унапредување на националните интереси“ на земјата.
Тој додаде дека друга надворешнополитичка цел на САД под Трамп ќе биде „промовирање на мирот“. мс/
фото: МИА архива