Нова хорор серија на јужнокорејскиот режисер Јеон Санг-хо
- За Јеон светот дозна пред неколку години, кога го сними „зомби“-хитот „Воз за Бусан“. Премиерата на продолжението е најавена за август годинава.
Сеул, 28 април 2020 (МИА) - Јужнокорејскиот режисер Јеон Санг-хо ја најави својата нова хорор-серија што ќе ја работи за филмската платформа Нетфликс.
За Јеон светот дозна пред неколку години, кога го сними „зомби“-хитот „Воз за Бусан“. Премиерата на продолжението е најавена за август годинава.
Неговиот следен проект е ТВ-серија заснована на јужнокорејската хорор-приказна „Пекол“. си/ми/