• среда, 27 ноември 2024

Татко си ја заборави својата ќерка-невеста на патот до олтарот

Татко си ја заборави својата ќерка-невеста на патот до олтарот

Лос Анџелес, 8 ноември 2024 (МИА) - Британецот Нил Кросли од Јоркшир стана интернет-хит по видеоснимката со неговата грешка на свадбата на ќерка сѝ Ејми. Имено, таткото на невестата ја заборавил својата најважна задача тој ден - да ја однесе својата ќерка до олтарот.

Тој се збунил и пошол кон олтарот, додека Ејми сè уште го чекала знакот за поаѓање. Нил „гордо“ зачекорил, пред да почнат да го викаат назад...

@dailymailuk A hilarious moment as a father made his way down the aisle, but forgot the bride! Luckily when he got told about his mistake the wedding was able to continue, and it even got a mention in his speech! 🎥 SWNS #wedding #weddingday #marriage #funny #weddingtok ♬ original sound - Daily Mail UK

Кога некој притрча по него, Нил, речиси стигнат до олтарот, изненадено се сврте и сфати дека ќерка му сè уште го чека. Невестата очигледно не се налути. Напротив, се изнасмеа заедно со другите на сметка на татко ѝ и мигот кога тој си ја сфати грешката. И Нил потоа се шегувал на своја сметка...

Во вториот обид, сепак, невестата и татко ѝ заедно го завршија свечениот о́д. си/мс/

Фото: Тик-ток

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан