Аргентина: Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн
- Алкохол, кокаин и антидепресиви на рецепт биле пронајдени во крвта на Пејн по неговата смрт, соопштија надлежните.

Буенос Аирес, 8 ноември 2024 (МИА) - Аргентинските власти обвинија три лица во врска со смртта на пејачот Лијам Пејн, објави Обвинителството. Меѓу обвинетите се лице наводно блиско со Пејн, хотелски работник и осомничен дилер на дрога.
Пејачот почина на 16 октомври по пад од балкон на третиот кат на луксузен хотел во туристичката населба Палермо во Буенос Аирес. Неговото тело е пронајдено во внатрешниот двор на хотелот „Касасур“.
Алкохол, кокаин и антидепресиви на рецепт биле пронајдени во крвта на Пејн по неговата смрт, соопштија надлежните.
Подоцна полицијата извршила рација во одморалиштето. Запленети се предмети, како компјутерски хард-дискови и снимки од камерите на хотелот. си/мс/
Фото: МИА архива