• недела, 09 март 2025

Жените во делата на македонските сликари - изложба во Галерија Матица

Жените во делата на македонските сликари - изложба во Галерија Матица

Скопје, 8 март 2025 (МИА) - По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, во Галерија Матица денеска ќе биде отворена изложба на четириесет дела од македонски автори кои ги прикажуваат повеќеслојните искуства, борби и триумфи на жените.

-Секое дело зборува за уникатните приказни за издржливост, сила и убавина што ги носат жените. На изложбата ќе бидат застапени дела на македонските сликари: Коле Манев, Павле Кузманоски, Тања Балаќ, Синиша Новески, Касиопеја Наумоска, Ниче Василев, Златко Глигоров, Симон Калајџиев и други, соопшти „Матица“ за изложбата која ќе биде отворена до 28 март. хс/ев/

Фото: Галерија Матица

 

Остани поврзан