• понеделник, 27 јануари 2025

Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп

Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп

Лас Вегас, 26 јануари 2025 (МИА) - Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави претседателот Доналд Трамп во коментар за новинарите во претседателскиот авион за време на патувањето од Лас Вегас за Флорида, јави ДПА.

„Верувам дека прашањето на Гренланд ќе се реши со наше учество. Мислам дека ќе го добиеме. И мислам дека луѓето сакаат да бидат со нас, како што знаете. Таму има 55.000 луѓе кои сакаат да бидат со нас“, рече Трамп.

Тој додаде дека всушност не знае какви претензии има Данска за автономната територија, но евентуалното одбивање од нејзина страна да се согласи со американските предлози би било „непријателски чин“.

Премиерот на Гренланд, Мут Егеде вели дека народот ќе одлучи за иднината на територијата. Данскиот премиер Мете Фредериксен ги поддржува неговите коментари.

Гренланд е најголемиот остров во светот и галвно е автономен, иако е дел од данската монархија, посочува ДПА. Данска обезбедува одбрана и ја контролира надворешната политика на островот.

Географската локација на Гренланд е клучна, а се верува дека островот е богат со ресурси и витални природни минерали.

Во своите коментари, Трамп изјави дека САД „ќе го добијат Гренланд“ бидејќи тоа е поврзано со слободата на светот и дека САД се единствената сила што може да ја обезбеди таа слобода. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан