Марк Руте во посета на Португалија и Шпанија
- Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во посета на Португалија и Шпанија.
Брисел, 27 јануари 2025 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во посета на Португалија и Шпанија.
Како што соопшти прес-службата на Алијансата, предвидено е Руте во Лисабон да се сретне со португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса, со премиерот Луиш Монтенегро и со министрите за надворешни работи и за одбрана на земјата, Пауло Ранжел и Нуно Мелу.
Во Мадрид, пак, Руте ќе има средба со шпанскиот премиер Педро Санчез.
За утре, во седиштето на НАТО во Брисел, предвидено е Руте да се сретне со романскиот министер за надворешни работи Емил Хорациу Хурезеану. сп/
Фото: МИА Архива