• недела, 26 јануари 2025

Компаниите ги чекаат парите, од Владата најавуваат завршување на процедурата до крајот на месецов

Компаниите ги чекаат парите, од Владата најавуваат завршување на процедурата до крајот на месецов

Скопје, 25 јануари 2025 (МИА) - Целата процедура околу средствата од унгарскиот кредит наменети за компаниите, според најавите на надлежните, треба да заврши до крајот на овој месец. Во вторник на владина седница се очекува да помине договорот по што ќе се потпише договорот со банките и практично со тоа парите од заемот треба да станат оперативни. 

Договорот, како што вчера изјави премиерот Христијан Мицкоски, е финализиран и се очекува во вторник на владина седница да помине. 

- Се надевам дека до крајот на месецов се ќе биде завршено, ќе се потпише со банките и ги повикувам економските оператори да подготват проекти и да аплицираат за да ги добијат кредитите од комерцијалните банки, изјави Мицкоски при посетата на општина Петровец.

Kryeministri Hristijan Mickoski thotë se vizita në SHBA ishte historike dhe në interes të qytetarëve, ndërsa për akuzat e opozitës thotë se po defokusohen nga esenca.

Парите првично требаше да бидат оперативни до крајот на минатата година. Одоговлекувањето, како што вчера изјави премиерот, било поради тоа што е проширен опфатот на компании кои ќе може да аплицираат, поточно, освен за нови производствени капацитети и нова опрема, средства од унгарскиот заем ќе може да бидат доделени и за обновливи извори на енергија, како и за објекти кои компаниите ќе се користат како административни згради.

- Анализата вели дека 250 милиони евра годишно е побарувањето на економските оператори за да земат заеми. Ако ги ограничите можностите, тогаш се ограничуваат и економските оператори и може да се случи од тие 250 милиони евра да се искористат само 120, 150 или 180 милиони евра, а другите да останат. Од тие причини, сакаме да го прошириме сето она што ќе има позитивен импут во БДП и во македонската економија. Но, сега е се дефинирано, завршено е, содржината на договорот е готова, изјави Мицкоски.

Од Стопанската комора на Македонија во понеделникот на прес-конференција посочија дека успеале во намерата голем дел од компаниите да учествуваат во добивањето на кредитот.  

- Имаме блиска соработка со Владата и последната информација од таму е дека сите компании ќе имаат можност да конкурираат за добивање на кредитот, што значи дека можат да го искористат за нивните намени и нивните потреби. Се забавува исплатата на кредитот, но ние бевме упорни во тоа, и го добивме токму тоа што го баравме со преговорите кои што беа макотрпни. Успеавме да го добиеме тоа што беше потребно, за сите наши компании да имаат можност да конкурираат за кредито, истакна во понеделникот Наташа Јаневска од Стопанската комора. 

Од унгарскиот заем, 250 милиони евра се наменети за компаниите. Компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ што можат да го добијат е 10 милиони евра. Фирмите кон банките ќе плаќаат каматна стапка од 1,95 проценти, грејс периодот е три години и 12 години рок на отплата.

Договорот за кредитот од вкупно 500 милиони евра, во име на Владата, беше потпишан на 8 октомври во Будимпешта од страна на министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска со унгарската Експорт-импорт банка. 

Премиерот Мицкоски вчера потврди дека е пристигната и втората транша од заемот во висина од 500 милиони евра и дека е вратена еврообврзницата од 2018 година која доспеваше на почетокот на оваа година. бак/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан