• понеделник, 27 јануари 2025

На погребната церемонија на архиепископот Анастас во Тирана ќе присуствува и грчкиот премиер

На погребната церемонија на архиепископот Анастас во Тирана ќе присуствува и грчкиот премиер

Тирана, 26 јануари 2025 (МИА) – Погребот на поглаварот на Албанската автокефална православна црква (ААПЦ), Анастас Јанулатос, ќе биде на 30 јануари, четврток во Тирана.

Архиепискот Анастас беше роден во Грција, но, тој претходно оставил манет неговиот вечен дом да биде во Албанија.

На погребот, како што објави Топ чанел, ќе присуствува и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

- Телото на покојниот архиепископ од Атина во Тирана ќе бидат донесено во вторник, на 28 јануари во 16 часот пред Соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана. Ќе биде изложено за народно поклонение во Соборниот храм преку целата ноќ и наредниот ден, среда, 29 јануари. Опелото ќе се одржи в четврток, 30 јануари, во 11:00 часот, објави Синодот на ААПЦ.

Архиепископот на Албанија, Анастас Јанулатос, кој роден е во ноември 1929 година во Пиреја, почина вчера наутро во болница во Атина, каде беше хоспитализиран на 3 јануари.

- Јанулатос беше избран за архиепископ на Автокефалната православна црква на Албанија од страна на Цариградскиот патријарх во јануари 1991 година, каде што работеше за заживување на црквата, која беше уништена за време на над четиридеценискиот комунистички режим. Својот живот го посвети на повторно разгорување на мисионерскиот дух на православната црква и по повеќе од 30 години поминати во Албанија се чини дека ја постигна својата цел, наведе телевизијата.

Со одлука на Светиот Синод, привремено, до избор на нов архиепископ, на архиепископскиот трон е поставен митрополитот на Корча, Јован. вт/ми/

Фото: ААПЦ

Остани поврзан