• четврток, 05 септември 2024

Министерот Љутков на промоција на велосипедската рута „Транс Динарика“

Министерот Љутков на промоција на велосипедската рута „Транс Динарика“

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Скопје ќе се обрати на настанот по повод промоцијата на велосипедската рута „Транс Динарика“ која поврзува шест земји од Западен Балкан.

Како што соопштија од Министерството за култура и туризам, на промотивниот настан ќе се обратат и амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин и програмскиот менаџер на програмата „Рекономи“, Пауло Родригез.

Велоспедската рута „Транс Динарика“ е проект на Регионалната програма „Рекономи“ („Reconomy“) финансиски поддржана од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка, спроведена и управувана од швајцарската меѓународна развојна организација „Helvetas“, во земјите од Источна Европа и од Западен Балкан. вг/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан