• вторник, 24 декември 2024

Телефонски разговор Муцунски - Велдкамп, тема евроинтегративниот процес и спроведувањето на клучните реформи

Телефонски разговор Муцунски - Велдкамп, тема евроинтегративниот процес и спроведувањето на клучните реформи

Скопје, 4 септември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска попладне оствари телефонски разговор со Министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Каспар Велдкамп. Главна тема на разговорот беше евроинтегративниот процес и спроведувањето на клучните реформи.

Како што информираат од Министерството, фокусот бил на реформите во правосудниот систем, кои се клучни за владеењето на правото и зајакнување на институциите. Министрите Муцунски и Велдкамп нагласиле дека успешната реализација на овие реформи е суштинска за постигнување на европските стандарди и напредокот на нашата држава во ЕУ.

Двете страни потврдиле дека борбата против корупцијата останува главен приоритет за нашата земја. Тие го истакнале значењето на овој предизвик за градење доверба и стабилност во регионот. сст/аа/

Фото: МНР

Остани поврзан