• среда, 21 август 2024

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Меѓународниот форум на лидери во Чикаго

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Меѓународниот форум на лидери во Чикаго

Скопје, 20 август 2024 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, престојува во Чикаго за да учествува на Меѓународниот форум на лидери организиран од Националниот демократски институт, соопшти неговиот кабинет.

Меѓународниот форум на лидери е престижен собир на креатори на политики, експерти и активисти од целиот свет посветен на зајакнувањето на демократските институции и промовирањето на доброто владеење. Министерот Андоновски, како дел од оваа група, ќе учествува на панел дискусии за глобалните предизвици и можности, споделувајќи ги македонските искуства во дигиталната трансформација и дискутирајќи можности за меѓународна соработка.

Покрај учеството на Форумот, тој ќе присуствува и на настан организиран од Фондацијата на поранешниот претседател Обама, каде што ќе ги сподели македонските искуства во дигиталната трансформација.

За време на посетата, министерот Андоновски ќе оствари серија билатерални и мултилатерални средби со владини претставници, бизнис лидери и експерти за зајакнување на меѓународните партнерства на Македонија и нови можности за соработка во областа на дигиталната трансформација.

Предвидено е Андоновски да се сретне со членовите на македонска дијаспора во Чикаго за да разговараат за нивниот придонес за македонската заедница и потенцијалите за унапредување на соработката меѓу Македонија и дијаспората во САД.

Работната посета на министерот Андоновски е во функција на афирмација на напорите на Владата за дигитална трансформација и зајакнување на меѓународната позиција на Македонија во оваа област, стои во соопштението од кабинетот на министерот.са/

Фото: Кабинет на Стефан Андоновски

 

Остани поврзан