Малиот градски парк во Струмица именуван во Петте струмички студенти
- Со одлука на Советот на Општина Струмица, а на предлог на градоначалникот Костадин Костадинов, Малиот градски парк во центарот на градот е именуван во Петте струмички студенти.

Струмица, 21 август 2024 (МИА) - Со одлука на Советот на Општина Струмица, а на предлог на градоначалникот Костадин Костадинов, малиот градски парк во центарот на градот е именуван во Петте струмички студенти.
Според градоначалникот Костадинов, со ова се оддава најголема почит која ја заслужуваат петтемина студенти и нивните семејства.
- Заборав за Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Ѓорги Костуранов, Борис Белев и Стево Топчев нема да има и нема да дозволам мешање во историјата за собирање на евтини политички поени, рече Костадинов.
Инаку, во овој парк е подигнат споменик во чест на петтемина студенти, а секоја година на 13 август се одбележува годишнината од нивното убиство, кое било извршено во 1951 година на планината Беласица од тогашната власт. рт/ир/
Фото: Општина Струмица