• четврток, 26 декември 2024

Милатовиќ: Секоја инцијатива за промена на Уставот е легитимна

Милатовиќ: Секоја инцијатива за промена на Уставот е легитимна

Подгорица, 4 ноември 2024 (МИА) – Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ денеска изјави дека секоја инцијатива за промена на Уставот е легитимна.

Неговата изјава уследи откако претседателот на Собранието, Андрија Мандиќ во повеќе наврати побара дополнување на Уставот со одредби со кои се менува статусот на српскиот јазик во Црна Гора.

- Секоја инцијатива кога станува збор за промена на Уставот е легитимна, тоа дефинитивно ќе треба да се направи во контекст на нашето пристапување во Европска Унија, наведе Милатовиќ.

Тој додаде дека секоја иницијатива мора да биде во согласност со Уставот и законите. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан