НАТО бара истрага за причините за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс
- НАТО денеска повика на истрага за причините за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс, во кој загинаа 38 лица.
![НАТО бара истрага за причините за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс](https://mia.mk/index.php/images/20241226152715_big_730x400_18.webp )
Брисел, 26 декември 2024 (МИА) - НАТО денеска повика на истрага за причините за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс, во кој загинаа 38 лица.
„Нашите мисли и молитви се со семејствата и жртвите на летот J28243 на Азербејџан ерлајнс“, рече портпаролката на НАТО, Фара Далалах на платформата Икс.
Таа додаде дека НАТО им посакува брзо закрепнување на повредените во несреќата и повика на истрага. паг/
Фото: МИА архива