• петок, 27 декември 2024

Сите четири московски аеродроми повторно отворени

Сите четири московски аеродроми повторно отворени

Москва, 26 декември 2024 (МИА) - Руската Федерална агенција за воздушен транспорт соопшти дека сите четири московски аеродроми се повторно отворени.

Аеродромите во Москва, како и оној во градот Калуга, на 160 километри југозападно од главниот град, беа привремено затворени. Причините за затворањето не се објавени.

„Кабинскиот екипаж, операторите на воздушниот сообраќај и аеродромските служби ги преземаат сите неопходни мерки за да се осигура безбедноста на летовите“, соопшти претходно Росавијација.

Причините за затворањето не се објавени. Украина во последните месеци секојдневно извршува напади со беспилотни летала во Русија. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан