3 февруари 2025
Скопје - Можно е да се постигне и поголема минимална плата од 450 евра ако Владата помогне преку социјалните придонеси, велат работодавачите. Тие денеска, пред седницата на Економско-социјалниот совет, изјавија дека секое покачување што ќе го издвојат во износ од 1 000 до 9 000 денари треба да биде помогнато во рок од една година од Владата преку социјалните придонеси, а понатаму, со зајакнување на економијата, да има шанси да се исплаќа од нивна страна во целост.
Минималната плата не е точка од дневниот ред на седницата на ЕСС, но, како што нагласија претставниците од Сојузот на синдикатите (ССМ) и од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), ќе се бара отворање и на ова прашање.
Скопје - Јавна расправа „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“ ќе се одржи денеска во рамки на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Како што информира собраниската прес-служба, јавната расправа е закажана во 13:00 часот во собраниската сала „Борис Трајковски“.
Скопје - Претседателот на Судски совет Александар Камбовски изјави дека Судскиот совет ќе ги разгледува сите случаи каде има сомневања за пропусти од страна на судии за изречени пресуди, а казнената политика на судовите треба да биде предмет на сеопфатна анализа.
- Се работи за случај кој што ја потресе целата држава, сите сочуство изразуваме до семејството. Не би сакал сега во вакви моменти на чувства што ги има кај сите граѓани да се носат некои избрзани одлуки или заклучоци. Не се добри да се прават такви некои брзи промени во законот, рече Коцевски прашан за револтот кај јавноста во врска со случајот со Фросина Кулакова, која беше жртва на сообраќајна незгода и за тоа дали ќе се воспостави ред во судството, поради изрекување на казни за сторителите коишто често одат под определениот минимум.
Скопје - Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска истакна дека Обвинителството ќе постапи професионално во случајот на Фросина Кулакова, 22-годишната модна дизајнерка од Неготино која беше прегазена на пешачки премин на бул. „Партизански Одреди“ од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.
Скопје - Со изведување на видео материјали од безбедносни камери, предложени како докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
На видео записи обезбедени од безбедносните камери на Хотел Парк, се гледа како возилата Цитроен и Рено Кангу влегуваат во Дебар Маало, на улицата Наум Наумовски Борче, од каде е извршено грабнувањето на девојчето на 27 ноември 2023 година.
Скопје - Осум лица од Битола, Кичево и Велес денеска се приведени, а извршен е и претрес на една локација во Велес во рамките на истражната постапка за предметот „Адитив“ со што е проширена постапката под раководство на предметните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кои постапуваат во предметот, информира Јавното обвинителство.
Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска информираше дека вкупниот буџет на Министерството за 2025 година, распределен за финансирање проекти од национален интерес во културата, изнесува 814 милиони денари. Љутков појасни дека од оваа година воведуваат промени во начинот на финансирање на програмските активности за 18 национални установи, кои ќе добијат делегиран буџет, а тие се обврзани да ги објават своите годишни програмски содржини на нивните веб-страници.
Буџетот е поголем за 74 милиони денари во однос на буџетот од минатата година, а во овие средства, предвиден е и посебен буџет за креативните индустрии, за кои ќе објават посебен конкурс во периодот што следува.
Скопје - Согласно Годишниот извештај работата за 2024 година, Државниот инспекторат за животна средина, спровел 1 535 инспекциски надзори од кои 1 008 редовни, 247 вонредни и 280 контролни инспекциски надзори. Како резултат на контролите, утврдени се 300 неправилности/законски повреди за кои се изготвени 300 решенија со кои се наредуваат или забрануваат одредени активности, односно се поведени постапки за санкционирање, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Белград - Дел од училиштата во Србија продолжуваат со штрајкот, или преку прекин на наставата или со скратени часови, како поддршка за студентите и израз на незадоволство од договорот за Посебниот колективен договор, постигнат меѓу репрезентативните синдикати и Владата, јави РТС.
Некои училишта донесоа одлука за прекин само за денеска, додека за наредните денови допрва ќе одлучуваат, додека други веќе решија да не одржуваат настава цела недела или до понатамошно известување, соопштија од Независниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС), кој не е репрезентативен.
Атина – Нов земјотрес со јачина од 4,9 степени беше регистриран источно од Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку 48 часа, додека пак од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака со предупредување до сите оние кои се на островот поради опасност од лизгање на земјиштето, јави дописничката на МИА од Атина.
По конкретниот земјотрес за помалку од еден час следеа шест помали потреси со јачина од 3,3 до 4 степени.
Тирана - Минатата година, трговскиот дефицит достигна историски рекорд, бидејќи извозот падна со најбрзо темпо во последните 20 години. Односот на покриеност на увозот и извозот падна на 41,7% во 2024 година од 51,7% во 2023 година, објавија албанските медиуми.
Слободниот пад на извозот во 8-те главни групи стоки ги сноси последиците од падот на вредноста на еврото во однос на домашната валута, зголемените домашни трошоци и падот на странската побарувачка.
Подгорица - Бојкотот на петте најголеми трговски синџири во Црна Гора на 31 јануари доведе до пад на прометот за 56,14 отсто во споредба со истиот ден од претходната недела, соопшти црногорската Даночна управа.
Граѓаните беа повикани на бојкот од граѓанската иницијатива „Алтернатива Црна Гора“, во знак на протест против високите цени на прехранбените производи.
Бојкотот се однесуваше на супермаркетите „Воли Трејд“, „Хард Дискон Лаковиќ“, „Идеа-ЦГ“, „Домашна трговија“ и „Мегапромет“.
Париз - Поранешен хирург обвинет за злоупотреба на стотици млади пациенти, често додека тие биле под анестезија, ќе оди на суд овој месец во најголемото судење за злоупотреба на деца во историјата на Франција, јавува Би-Би-Си.
Ле Скуарнек (73) е обвинет за напад или силување на 299 деца, повеќето негови поранешни пациенти, меѓу 1989 и 2014 година, главно во Бретања. Тој ги призна дел од обвиненијата, но не сите. На судењето во Ван во северозападна Франција му претходеше полициска истрага која траеше неколку години.
Брисел – Европските гласачи на изборите во јуни минатата година упатија јасна порака дека сакаат да инвестираме повеќе во безбедноста и да се чувствуваат безбедно, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, при пристигнувањето на денешниот неформален Самит на ЕУ во Брисел.
- Во името на Европскиот парламент можам да кажам дека ќе инсистираме на повеќе инвестиции, поголемо (одбранбено) производство и посилна соработка, истакна Мецола.
Киев - Украина утринава нападна енергетски објекти во јужна Русија со десетици дронови, предизвикувајќи пожари во голема рафинерија и постројка за преработка на гас, како и нарушување на воздушниот сообраќај, јавија официјални руски и украински извори.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушните сили пресретнале и уништиле 70 украински дронови во текот на ноќта, од кои 25 над Волгоградската област, 27 над Ростовската и седум над Астраханската област.
Вашингтон - Американскиот претприемач и шеф на новиот Оддел за владина ефикасност Илон Маск изјави дека Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) финансирала истражување за биолошко оружје, вклучително и „Ковид-19“.
-Дали знаевте дека УСАИД, користејќи ги вашите даночни долари, финансираше истражување за биолошко оружје, вклучително и „Ковид-19“, кој уби милиони луѓе, напиша Маск на својот профил на „Х“.