• вторник, 04 февруари 2025
МИА Општински пул

3 февруари 2025 

Скопје - Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар сабајлево повторно се соочила со смет на улиците кои се во надлежност на Град Скопје. И ова утро, вели тој, жителите на Центар се соочија со истата грда слика од минатата недела, Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска го немаат исчистено ѓубрето од центарските улици кадешто имаат надлежност.

Герасимовски потенцира дека сметот е отстранет од страна на општинските служби.

Скопје - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 43 мерни места во градот.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 27 до 31 јануари 2025 година зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје. 

Струмица - Доколку сите ние во законска рамка се согласиме да ни се намалат платите по 12.000 денари и притоа истите никако да не се покачуваат би генерирале заштеди во висина од 24.000.000 денари или околу 400.000 евра месечно. Овие средства ќе бидат сосема доволни за имплементација на итни мерки, субвенции за населението, особено за цената на гасот, котли за гас, продолжување на секундарната гасификација, говорам за Струмица, објави синоќа на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Неговото обраќање доаѓа по завчерашниот протестен марш против енормното загадување во Струмица што го организираа екологистите и препукувањата меѓу политичките партии за тоа кој е виновен за загадувањето во Општината.

Дебар - Сајтот на Бигорски манастир на Инстаграм синоќа е хакиран. 

- Почитувани наши следбеници на социјалните мрежи, Ве известуваме дека нашиот официјален манастирски профил на Инстаграм е хакиран и во моментот нашето братство нема пристап до него, стои во објавата на страната на манастирот на Фејсбук.

Остани поврзан