• сабота, 21 декември 2024
МИА Радио флеш

19 ноември 2024

Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски најави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, Министерството ќе одвои 95 милиони денари за снимањето на филмот за Тоше Проески. Министерот вечли дека ова е еден од најзначајните проекти кој ќе го одбележи животот на најголемата современа македонска ѕвезда.

-Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, иницијативата, главно ја предводеше претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и во координација со министерството за култура и со  министерството за финансии, во експресно брза постапка се обезбедија средства, истакна Андоновски во утринското гостување на МТВ.

Скопје - Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.С. во својство на управител и против правното лице Балкан Марбле Индустриес ДООЕЛ Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела , „даночно затајување“ од член 279 став 2 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 45 од КЗ и пријавеното правно лице од Скопје го извршило кривичното дело „даночно затајување“ од член 279 став 4 во врска со став 1, а во врска со член 45 од КЗ.

Како што се наведува во соопштението од Финансиската полиција, пријавениот Б.С., како управител на правното лице, во период од 01.01.2013 година заклучно со 31.12.2020 година, со намера да избегне плаќање на данок на добивка за пријавеното правно лице од Скопје. И покрај тоа што не ги вратил примените парични средства на име на аванси примени од пет странски правни лица, во вкупен износ од 308.714.994 денари (5.019.756 евра), пријавениот не ги отпишал застарените обврски на пријавеното правно лице по основ на претходно наведените аванси, кои се постари од три години, со што примените аванси не ги прикажал како приходи во Даночните биланси на пријавеното правно лице за период од 2016 година заклучно со 2020 година, а кој податок бил од влијание за утврдување на ваквите обврски.

Скопје - Само од јануари до октомври годинава, општините на пејачи и на други забавувачи потрошиле 961 илјада евра. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра. Лани, за оваа намена се потрошени 1 милион и 11 илјади евра, покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за исплатите за трошоците на општините за забавни манифестации.

Најскапо платена, годинава, е Северина, за која Крива Паланка издвоила 25 илјади евра. Сепак, според истражувањето, годинава најмногу вкупно пари добила Јелена Розга – 42 илјади евра, за два настапи, во Берово и во Штип.

Скопје - Вероника Бучковска е именувана за в.д. директорка на Агенцијата за филм, одлучи Владата на седницата одржана на 17 декември и доаѓа на местото на Даниела Станковска Плачковска, која неодамна поднесе оставка од функцијата, информираат денеска од Агенцијата.

Вероника Бучковска, велат од Агенцијата, е дел  од Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка при Агенцијата за филм на Р.С. Македонија од 2011 година, задолжена за промоција на македонската филмска продукција на локално и меѓународно ниво како и за следење на реализацијата на филмските фестивали.

Белград - Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека може да разбере како човек ако претседателот на државата, Александар Вучиќ размислува да поднесе оставка.

Според неа, со години траат обидите за дестабилизација на земјата, во која тој е изложен на омраза.

-Можев да разберам дека му е доста од тоа. Но, треба да направиме неколку големи работи што им ги ветивме на граѓаните до 2027 година, рече таа за белградски медиуми, пренесе Бета.

Белград - Не ми паѓа напамет да бегам од државата, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ бидејќи како што тврди -  ја „подигнал“ државата, пренесе Бета.

Запрашан за оценката на претставниците на опозицијата дека едно решение за смирување на протестите и блокадите во Србија е да ја напушти земјата како сирискиот претседател Башар ал Асад, Вучиќ рече дека не се плаши од „најлошите крадци и криминалци како Јешиќ, Ѓилас, Алексиќ, Миливојевиќ“.

Атина – Непознати лица утрово ограбиле две банки во атинска населба, а кражбите биле во период од пет минути, по што во тек е акција на грчката полиција за пронаоѓање на сторителите, јави дописничката на МИА од Атина.

Според првичните неофицијални информации и во двата случаи лицата се превезувале со мотори и засега е непознато дали двете кражби се поврзани, како и колку пари успеале да одземат. 

Едниот грабеж бил во 9.40 часот, а вториот во 9.45, а филијалите на двете банки се наоѓаат една спроти друга на централен булевар.

Атина – Во два одвоени случаи, на пристаништата во Игуменица и Пиреа, Крајбрежната служба на Грција открила и запленила кокаин, канабис и метамфетамин со вкупна вредност што се проценува на над четири милиони евра, а биле уапсени три лица, од кои двајца вработени на едно од пристаништата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во првиот случај, на пристаништето во Игуменица, со помош на куче-душкач била извршена проверка на камион што пристигнал од Италија и биле откриени 34 кутии со 292 херметички затворени пластични кеси со суров канабис со вкупна бруто-тежина од 317 килограми, 14 пластични пакувања со 16,8 килограми кокаин, две кеси со 25 килограми кристален метамфетамин и четири пластични садови со по 20 литри ацетон што се користи за растворање наркотици.

Загреб - Вили Берош ја чини хрватската држава две илјади евра повеќе сега кога не работи отколку кога беше министер, пред покачувањето на платите, кога земаше плата од 2.650 евра, објави хрватски Нови лист. Помина еден месец откако Вили Берош поради апсењето повеќе не е министер, но сепак зема плата како да е член на Владата која му додели 6 плус 6 паричен додаток, наведува медиумот.

Бидејќи Берош бил законски обврзан да го пополни имотниот лист 30 дена по напуштањето на функцијата, сега се знае точно колку државата му плаќа месечно за ништо, иако има пратенички мандат и право да се врати на старата работа во загрепскиот клинички центар.

Софија - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска пристигнува во посета на Бугарија каде на полигонот Ново Село ќе се запознае со активностите на Мултинационалната борбена група со рамковната земја Италија, чиј домаќин е Бугарија. Ова го соопшти прес-центарот на бугарското Министерството за одбрана.

Руте во рамки на посетата ќе оствари средба со вршителот на должноста министер за одбрана, Атанас Запријанов и началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов. Ќе се разговара за прашања од актуелната агенда на Алијансата. На средбата ќе учествува и министерот за надворешни работи, Иван Кондов.

Загреб – Затворска казна од една година и четири месеци му изрече денеска судот во Осиек на Марио Мамиќ, син на поранешниот претседател на загрепски Динамо, Здравко Мамиќ, прогласувајќи го виновен во процесот кој се води за незаконско извлекување пари од најтрофејниот хрватски фудбалски клуб.

На Марио Мамиќ му е изречена и парична казна од 750.000 евра, а притоа на Динамо ќе мора да му ја надомести штетата во износ од 2.08 милиони евра и да ги плати судските трошоци во износ од 70.000 евра.

Покрај него, судот денеска му изрече затворска казна од 11 месеци и на хрватскиот бизнисмен Сандро Стипанчиќ, која ќе биде заменета со општокорисна работа.

Москва – Украина истрела најмалку 13 проектили и 84 дронови врз Русија, предизвикувајќи пожар во рафинеријата за нафта во јужниот регион Ростов.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 84 дронови над руските региони, од кои 36 над Ростов.

Гувернерот на Ростов, Јуриј Сљусар изјави дека во нападите повредено е најмалку едно лице, а пожар ја зафати рафинеријата за нафта Новошахтинск, која повеќе пати била на мета на Украина.

Брисел - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека само со единство меѓу Европа и САД откако Доналд Трамп ќе ја преземе власта може да „постигне мир“ во војната со Русија.

„Мислам дека само заедно САД и Европа можат навистина да го запрат (рускиот претседател Владимир) Путин и да ја спасат Украина“, рече Зеленски додека присуствуваше на самитот на ЕУ во Брисел. 

Москва - На телефонската линија за поставување прашања до рускиот претседател Владимир Путин се пристигнати повеќе од два милиони прашања, јави ТВ каналот „Русија 24“.

Според податоците на телевизијата, утринава до 9 часот по московско време, на телефонската линија се пристигнати 2.003.165 прашања, а приемот на прашања ќе продолжи до крајот на традиционалната телевизиска прес-конференција.

Емисијата „Резултати на годината со Владимир Путин“ ќе се емитува денеска напладне по московско времe.

Москва - Рускиот претседател Владимир Путин кој во моментот ја одржува својата традиционална прес-конференција за крајот на годината нагласи дека економската состојба во државата е стабилна. 

„Економијата е важна, да почнеме со неа и покрај провокативните прашања“, рече Путин на почетокот, додавајќи дека економската ситуација во земјата е стабилна и дека годинава растот на БДП во Русија може да биде 3,9 или 4 проценти.

Путин потоа додаде дека Русија е пред Европа, а Кина, САД и Индија се пред Москва во однос на економскиот развој.

Авињон - Француски суд во Авињон денеска го осуди поранешниот сопруг на Жизел Пелико на максимална затворска казна од 20 години за извршување и организирање на масовните силувања насочени кон неа со десетици странци кои тој ги регрутирал преку Интернет.

Доминик Пелико, кој веќе ги призна злосторствата, претходно беше прогласен за виновен од судот во јужниот град Авињон по повеќе од тримесечно судење што ја шокираше Франција и ја претвори неговата поранешна сопруга Жизел Пелико во феминистички херој. Вклучувајќи го и Доминик Пеликот, сите 51 обвинет во случајот беа осудени од судот без ослободителни пресуди.

Тел Авив – Во денешните израелски воздушни напад врз на Хутите во Јемен загинаа најмалку девет лица. Цели на нападот беа електричните централи во Сана, како о пристаништата и нафтените терминали во Црвено Море, што се под контрола на Хутите.

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека со денешните напади блокиран се активностите во сите три јеменски пристаништа под контрола на Хутите.

Исто така, цел на нападите било да се парализираат трите пристаништа под контрола на Хутите.

Вашингтон - Американскиот Конгрес има два дена да избегне „затворање“ на владините агенции, откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп доцна синоќа го отфрли двопартискиот договор и побара од пратениците да го зголемат плафонот на долгот пред да започне неговиот нов мандат во јануари.

Трамп изврши притисок врз своите републикански колеги во Конгресот да го отфрлат текстот договорен со демократите, што требаше да обезбеди владино финансирање по истекот на рокот на полноќ в петок.

Остани поврзан