• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 9 јуни 2024 (МИА) - Синоќа во 20.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР - Скопје, лишиле од слобода малолетник од главниот град на државава, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 17.55 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР - Скопје го лишиле од слобода С.С., 24-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 21.35 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода М.Б., 18-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 22.20 часот во скопскиот Градски парк, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР - Скопје ги лишиле од слобода С.С., на возраст од 22 години од Кавадарци и М.Ч., исто 22 години, од главниот град на државава, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.  

Вчера во 16.10 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода А.Т., 41-годишен скопјанец, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 11 часот во СВР - Скопје, било пријавено дека на крстосницата на улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Јуриј Гагарин“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А., на возраст од 60 години и моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П., на 32-годишна возраст, двајцата од главниот град на државава.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР - Скопје.

Вчера околу 12.20 часот во СВР - Скопје, било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на крстосницата со булевар „Гоце Делчев“, моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.С., на 26-годишна возраст, удрил во 74-годишниот пешак А.И..

Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала А.И., а од страна на лекар од Итната медицинска помош, констатирана била смрт. Со телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР - Скопје.

Синоќа во 23.30 часот во Полициската станица - Неготино било пријавено дека во селото Тремник, неготинско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл управуван од М.Ш., на 21-годишна возраст и моторцикл „хамачи“ со неготински регистарски ознаки, управуван од А.Ш., на 19-годишна возраст, двајцата од ова село.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата моторциклисти, констатирани во ЈЗУ - Неготино. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Неготино.

Вчера во 07.50 часот во СВР - Струмица, било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Ленинова“ со улиците „Браќа Миладинови'“ и „Цветан Димов“, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.К., на 59-годишна возраст од овој град, удрило во инвалидска количка управувана од П.К., 86-годишно лице од струмичко Добрејци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.К., констатирани во Медицинскиот центар - Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР - Струмица.

Вчера во 13.35 часот во Полициската станица - Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Маврово - Дебар на место викано „Обесена вода“ кај село Жировница, патничко возило „алфа“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Х., 63-годишно лице од село Неготино, полошко, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.И., на 47-годишна возраст од гостиварско Чегране. Возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница - Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР - Гостивар.

Вчера во 17.30 часот во Полициско одделение - Шуто Оризари, 34-годишниот скопјанец Р.А. пријавил дека на улицата „Гвадалахара“, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Вчера во 14.25 часот во Полициска станица - Чаир, О.А., 58-годишно лице од Скопје, пријавило дека на улицата „Александар Ударевски“ во градот, било каснато од куче скитник. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан