• понеделник, 23 декември 2024

Дачиќ-Тошковски: Регионалната соработката меѓу полициите мора да биде подобра од соработката меѓу криминалците

Дачиќ-Тошковски: Регионалната соработката меѓу полициите мора да биде подобра од соработката меѓу криминалците

Белград, 26 јули 2024 (МИА) - Полициска соработка и борбата за справување со организираниот криминал и транснационалниот криминал, и подобрување на соработката во делот на граничните премини во фокус на разговорите на министерот Панче Тошковски во Белград со вицепремеирот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

-Вчера констатиравме заедно со министерот фактичка состојба на лице место, учествувавме во рамки на онаа превентивна акција која што имавме на граничниот премин при што оценивме дека можеме да ја подобриме фреквенцијата на возила и на луѓе во рамките на граничните, така што се договоривме да формираме една работна група која што и претходно постоела, но сега се надеваме дека ќе дадеме за еден релативно краток временски период резултати, резултати коишто би можеле да не доведат во иднина до навистина проверки на една позиција, а не на две позиции како што е сега. Она во суштина  да го примениме оне-стоп системот за проверка на нашите државјани. Тоа беше една клучна тема која што ја разговаравме, изјави Тошковски на заедничката прес-конференција со Дачиќ.

Тошковски додаде дека договорено е Србија да испрати четворица полициски службеници во текот на месец август коишто ќе може да делуваат во рамки на подрачјето на градот Охрид и изрази благодарност за помошта што ја упати Србија во гаснењето пожари.

Министерот Дачиќ истакна дека Србија е подготвена за соработка и да помогне кога треба. Тој истакна е добро што е воспоставена линија за комуникација за вонредни ситуации.

-Панче и јас разговаравме и ние го дадовме најдобриот, постоеше потреба за помош и ние го дадовме најдобриот и најсилниот според капацитети хеликоптер „Камов“ со седум припадници на МВР кој имаше повеќе од шест налети и помогна да се згаснат пожарите во Северна Македонија, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека на средбата биле отворени цела низа заеднички прашања како што се борбата против криминалот, борбата против нерегуларната миграција, шверцот на луѓе, борбата против шверцот со оружје и наркотици, како и меѓусебната помош за одржување на стабилен ред и мир.

На средбата е разговарана и за размената на искуствата и делот поврзан за соработка на двата центри за обуки.

Министерот Тошковски оствари средба и со премиерот на Србија Милош Вучелиќ. об/нд/

 

Остани поврзан