• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Коалиција „Вреди“: Го искоренуваме злото што вие го засадивте со казината

Коалиција „Вреди“: Го искоренуваме злото што вие го засадивте со казината

Скопје, 14 јули 2025

ВЛЕН уште еднаш го потврдува својот јасен став: нашата борба е за затворање на казината и заштита на семејствата, додека ДУИ се уште е составена од истите луѓе што отвараа казина, а денес глумат морални револуционери.

Во досегашниот период Владата на ВЛЕН успеа да затвори 226 нелегални он-лајн казина, кои се блокирани само во последната година, а активноста во секторот е намалена за 40 %. Тоа се спасени буџети на семејствата и потенцијални зависници.

Казината не се развој, туку разурнување. Ние не сме дел од стариот систем.

ВЛЕН ја продолжува својата борба против коцкарскиот бизнис, како во сегментот на онлајн коцкањето, така и преку подготовка на нов рестриктивен закон. Тоа ги плаши ДУИ. Тоа го плаши Блерим Беџети.

Го прашуваме Блерим Беџети:
Во колку казина тој има свој удел и од колку казина црпи личен приход?
Кои казина беа под негова капа, а кои под капа на Артан Груби?
Колку апарати за казина купија за време на нивната власт од државен буџет?
Каде е другар му Артан Груби? А каде е Перпирим Бајрами?
Каква е соработката на ДУИ со српското и црногорското подземје на кое им доделија лиценци за казина?

ВЛЕН не тргува со судбините на граѓаните, ВЛЕН ќе затвора, блокира и регулира.

ДУИ 20 години ја користи коцката како банкомат, отвора, финансира и шири.

Граѓаните јасно гледаат кој е на страната на семејствата, а кој на страната на облогот.

Време е лицемерството да престане; ние продолжуваме со системска и бескомпромисна битка за општество без казина пред училишни дворови, без државни монополи за зависности и без политичари што профитираат од туѓата несреќа.

Го искоренуваме злото што вие го засадивте!

 

Коалиција „Вреди“

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан