• среда, 27 ноември 2024

СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

Скопје, 27 јули 2024 (МИА) - СВР Скопје синоќа, од 18:00 до 2:00 часот, продолжи со преземање зајакнати мерки и активности за одржување поволна безбедносна состојба на територија на главниот град, информира МВР.

Спроведена била и сообраќајна контрола и биле санкционирани 28 возачи, а 15 возила биле подигнати со специјално возило „пајак“...

Исто така вчера, од 20:00 до 2:00 часот, на подрачјето на општина Аеродром се постапувало по планот „Безбедно лето 2024 година“.

При преземени мерки на повеќе локации констатирани биле 12 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а било приведено едно лице за констатиран прекршок по член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

- Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови, се вели во соопштението од МВР. мд/мч/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан