• среда, 25 декември 2024

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства 

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства 

Кавадарци, 27 јули 2024 (МИА) - Тројца кавадарчани биле задржани во полиција рано изутринава, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца ги  спречувале полицајците во преземање на службени дејства, информира денеска СВР Велес.  

- Во 01.45 часот на улица „Киро Крстев“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода кавадарчаните А.Д.(44) и И.Т.(25) , затоа што при приведување на  сограѓанинот К.Н.(41), кој агресивно се однесувал и им се заканувал на полициските службеници, ги спречувале при преземање на службените дејствија. А.Д., И.Т. и К.Н. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Велес. 

Оттаму додаваат дека синоќа, пак, околу 23.30 часот во комплексот на спортската сала „Младост“ во Неготино, за време на одигрување на натпревар во футсал на Меморијален турнир во мал фудбал „Крсте Велјанов 2024“, помеѓу две екипи од Неготино, по кратка расправија, настанала физичка пресметка меѓу играчите Ж.Д.(31) од село Долни Дисан, Неготинско и М.М.(29) од Скопје, по што турнирот бил прекинат. Од СВР Велес соопштија дека по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. свд/мд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан