• среда, 21 август 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Во август 2024 година, пријавениот набавил и пуштил во оптек три фалсификувани банкноти од по 100 евра во казино во Куманово.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Ј.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

На 28.07.2024 во Кочани, пријавениот физички ги нападнал 17-годишно девојче и нејзиното момче.

СВР Скопје поднесе кривична против С.К.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“.

На 18.06.2024 заради утврдување на идентитет полициски службеници го привеле пријавениот, кој се претставил дека е државјанин на Босна и Херцеговина и кој извршил илегален влез во државата. По преземени мерки било утврдено дека се работи за македонски државјанин С.К., кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено - поправната установа Затвор Идризово.

На 19.08.2024 во 02.50 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода С.Н.(55) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22.00 часот на 18.08.2024 агресивно се однесувал и се заканувал на неговата сестра, а оштетил и дел од покуќнината во семејниот дом.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Денеска (19.08.2024) во 00.25 часот во СВР Скопје, Д.М.(32) од Скопје пријавил дека на 18.08.2024 околу 11.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, Е.Н. со закана му одзел мобилен телефон и пари, а околу 19.30 часот повторно му побарал пари, по што физички го нападнал и употребил тврди предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Денеска (19.08.2024) во 00.27 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена пријавила дека на 18.08.2024 околу 23.30 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг А.М.(41) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (19.08.2024) во 00.07 часот во СВР Скопје, М.Д.(21) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од И.С..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 18.08.2024 во 16.15 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Т.А.(24), З.А.(41), Ш.А.(69) и Џ.А.(34), сите од Прилеп.

Тие се сомничат дека околу 15.30 часот заедно со уште две лица физички го нападнале К.Ф.(38) од Прилеп, неговиот брат А.Ф. и нивната сестра, при што употребиле дрвени и метални предмети. Претходно,  во 14.00 часот и Е.А.(47) од Прилеп пријавил дека околу 09.30 часот, тој и неговиот син Т.А.(24) биле физички нападнати од А.Ф., К.Ф. и С.Ф., сите од Прилеп, кои употребиле тврди предмети. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.08.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.П.(57) од с.Ново Коњско, гевгелиско, пријавил дека околу 18.00 часот во селото бил физички нападнат од И.Ѓ.(53).

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.08.2024 во 14.50 часот во СВР Скопје, од општина Гази Баба било пријавено дека со употреба на сила било влезено во Кабинетот на градоначалникот на општина Гази Баба и биле одземени три лап топ компјутери и еден фотоапарат.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 18.08.2024 во 06.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Карпош во Скопје била пронајдена почината А.Ш.(51) од Скопје, која имала здравствени проблеми.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

На 18.08.2024 во 09.15 часот во Полициската станица Македонски Брод, З.Р.(64) од Македонски Брод пријавил дека на улица „Поречка“ бил каснат од куче скитник. сст/

Остани поврзан