• четврток, 07 ноември 2024

Ливерпул ги забрза преговорите, Аморим пред трансфер на „Енфилд“

Ливерпул ги забрза преговорите, Аморим пред трансфер на „Енфилд“

Ливерпул, 7 април 2024 (МИА) - Португалскиот стручњак Рубен Аморим е се поблиску до клупата на Ливерпул, по најавата на Јирген Клоп дека на крајот од оваа сезона ќе го напушти „Енфилд“.

Спортинг синоќа ја победи Бенфика со резултат 2:1, па сега заостанува четири бода зад најголемиот ривал, а има и меч помалку, па прашање на време е кога титулата ќе биде во зелено-бело повторно дел од градот.

Медиумите во Португалија наведуваат дека токму оваа победа дополнително ги забрзала преговорите со Ливерпул, а на „Енфилд“ се надеваат дека ќе ги разјаснат сите детали со актуелниот тренер на Спортинг во текот на следната недела.

Пред Аморим да ја добие „главната улога“ во Ливерпул, Чаби Алонсо беше главен кандидат, но кога тој реши да остане во Леверкузен, клубот се насочи кон Португалецот.

Аморим би можел на најдобар можен начин да се прости од Лисабон, бидејќи за трофејот во Купот на Португалија ќе се бори против подобриот од дуелот Порто - Виторија Гимареш (17 април).

Интересно е што споменатиот тренер на Спортинг никогаш не водел никого надвор од својата земја, но добрите игри и резултати во Брага и актуелниот клуб им го препорача на европските гиганти, а најконкретен беше Ливерпул.

Да потсетиме, Португалецот има 39 години и Ливерпул ќе биде најголемиот предизвик во неговата штотуку започната кариера. дс

Фото: Инстаграм/Спортинг Лисабон

Остани поврзан