Вкупно 90 македонски каратисти на Балканското првенство во Сараево
- Во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево од утре до недела ќе се одржи Балканското првенство во карате во кадетска, јуниорска и младинска конкуренција на кое ќе настапи многуброен македонски состав.

Сараево, 7 ноември 2024 (МИА) – Во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево од утре до недела ќе се одржи Балканското првенство во карате во кадетска, јуниорска и младинска конкуренција на кое ќе настапи многуброен македонски состав.
Во борбата за медали на ова 24 Балканско првенство, како што е соопштено, ќе настапат 90 македонски каратисти во ситекатегории во машка и женска конкуренција.
Пријавени за настап на Балканското првенство се вкупно 1.234 каратисти од 13 земји. ег
ФОТО: КФМ