• понеделник, 23 декември 2024

Врвна хрватска таеквондистка почина на 22 годишна возраст

Врвна хрватска таеквондистка почина на 22 годишна возраст


Загреб, 7 ноември 2024 (МИА) – Една од најуспешните хрватски таеквондистки Хана Влашиќ почина ненадејно на возраст од 22 години, објави денеска Таеквондо федерацијата на Хрватска.
Покрај големиот број државни златни медали, Влашиќ во кариерата ги освои титулите европски кадетски шампион (2017) и европски јуниорски шампион (2019 година).
„Таа беше пример и пример за вистински спортист, посветена и бескомпромисна во остварувањето на нејзините спортски цели. Нејзиниот белег во историјата на хрватското таеквондо ќе остане засекогаш“, соопшти Федерацијата. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан