• среда, 22 јануари 2025

Лавров: Москва е подготвена да придонесе за нормализирање на односите меѓу Ереван и Баку

Лавров: Москва е подготвена да придонесе за нормализирање на односите меѓу Ереван и Баку

Moсква, 21 јануари 2025 (МИА) - Русија е подготвена да помогне во нормализирање на односите меѓу Ерменија и Азербејџан во сите области на развојот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Подготвени сме да ја обезбедиме неопходната помош во нормализацијата на односите меѓу Ерменија и Азербејџан во развојот на трилатералните договори постигнати од лидерите на трите земји во 2020-2022 година. Договорите остануваат релевантни, особено во однос на моменталната ситуација во регионот“, рече Лавров на средбата со ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан.

Мирзојан рече дека со Лавров разговарал за партнерство во меѓународните организации.

„Секогаш се трудиме да ги третираме интересите на Русија со разбирање и имаме желба и очекување руската страна донекаде да ги земе предвид и интересите на Ерменија на меѓународните платформи“, рече Мирзојан. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан