Куче три дена лежи крај автомобилот на неговата спасителка која почина во Кавадарци
- Куче три дена лежи крај автомобилот на неговата спасителка која почина во Кавадарци, вака емотивно објавија денеска од Здружението ,,Шепи 2021" од Кавадарци.
Кавадарци, 14 август 2023 (МИА) - Куче три дена лежи крај автомобилот на неговата спасителка која почина во Кавадарци, вака емотивно објавија денеска од Здружението ,,Шепи 2021" од Кавадарци.
- Дека кучето е најлојален и најверен пријател на човекот сведочат многу примери! Ова е кавадаречкиот Симба, кој веќе трети ден лежи покрај автомобилот на неговата спасителка Билјана Галабова, очекувајќи ја да дојде...Срце да ти се крши!, посочија од Здружението.
Фотографијата е направена од активистката за заштита на животните, Билјана Миркова. Во изјава за МИА, таа нагласи дека Галабова, инаку музејски работник, а почина деновиве, беше голем љубител на животните и благодарение на неа, беа спасени многу бездомни животни. свд/дма/
Фото: Билјана Миркова